Барселона не се снајде најдобро на отворањето на сезоната, но како што се ближи крајот, тимот на Роналд Куман игра сè подобро.
На само четири бода од Барселона е првопласираниот Атлетико, а холандскиот стручњак ужива во растечката доверба кај лидерите, но и легендите на клубот.
Еден од оние кои му дадоа поддршка е легендарниот дефанзивен играч Карлес Пујол, кој смета дека холандскиот стручњак прави добра работа и дека заслужува доверба и почит.
“Фудбалерите се задоволни со Куман, кој е легенда на клубот. Тој работи добро, заслужува почит и доверба. Секако, клупските челници ќе дадат рејтинг на крајот на сезоната”, рече Пујол и додаде:
“Во однос на енергијата, тимот се промени. Го гледам добро, ентузијазмот беше очигледен кога Барселона играше во Купот на Шпанија. И во Лигата на шампионите, уште еден погодок во Париз можеше да промени сè. Ова е нов проект со нов тренер, со млади играчи. Тимот сè уште има шанса да освои трофеј во лигата, плус мора да играме во финалето на Купот на Шпанија “.