По 21 година екипата на Комо повторно ќе игра во најдобрата италијанска лига, Серија А. Заедно со Парма, Комо обезбеди место во елитната фудбалска лига. Најзаслужен за овој пласман е нивниот тренер Цеск Фабрегас, поранешната фудбалска легенда на Барселона, Арсенал и Челзи.
Фабрегас се приклучи како играч во сезоната 2022-23 и како малцински акционер, а потоа по пензионирањето стана тренер на нивниот младински тим, промовиран во првиот тим во ноември 2023 година. Бидејќи ги нема потребните тренерски лиценци, тој мораше да стане официјално помошник-менаџер на велшкиот тактичар Осиан Робертс.
Сепак, Фабрегас беше тој што одржа емотивен тимски говор во соблекувалната откако ремито 1-1 со Козенца се покажа доволно за да обезбеди автоматска промоција во Серија А.
-Пред се, честитки, навистина имавте сезона на шампиони“, рече Фабрегас и притоа додаде:
🗣️ @cesc4official after @Como_1907 secured promotion back to Serie A 🤩 pic.twitter.com/EXTIfRvYRv
— CBS Sports Golazo ⚽️ (@CBSSportsGolazo) May 10, 2024
-Eедна работа морам да кажам пред да излеземе таму со сите навивачи: изградете ја вашата сила, бидејќи оваа година не е ништо. Ова е само загревање. Следната година повеќе ефикасност, повеќе работа. И како што ветив, а вие сакавте… Дали сакате да одите на Ибица?
