Поранешната легенда на Јунајтед, Гери Невил, смета дека треба да се ослободи од фудбалери, кои не играат на свое ниво.
Веќе извесно време се зборува дека Пол Погба е на излезната врата од „Театарот на соништата“.
Имаше шпекулации дека францускиот репрезентативец би можел да замине во Париз, но поверојатна опција е негово враќање во Јувентус, од каде што стигна во Манчестер Јунајтед во 2016 година.
„Јунајтед не мора да задржи ниту еден фудбалер кој не се труди доволно. Секако, екипата е подобра откако игра Погба, но ако не сака тој да остане во клубот, не мислам дека мора со сила да го задржиме“, вели Невил.
Медиумите во претходните неколку дена објави дека менаџерот на „Црвените ѓаволи“ доби 100 милиони фунти предвидени за засилувања ова лето.