Поранешниот дефанзивец на Јувентус и Наполи, Чиро Ферара, изјави дека Марадона бил антихерој кој платил за своите грешки.
Ферара беше соиграч на Марадона во Наполи седум последователни сезони.
Марадона почина минатата среда во неговиот дом од срцев удар.
„Ме трогна неговата смрт, ова се тешки моменти. Отпрвин не сакав да зборувам, но потоа видов потреба да зборувам за одличниот соиграч и пријател“, му рече Ферара на Бобо Виер на „Твич“.
„Сите сме тажни од она што се случи. Сигурен сум дека Диего се чувствува смирено и почива во мир. Јас пораснав со него и имам незаборавни спомени со него“, додаде тој.
„Тој е мој пријател и секогаш го бранев, но тој плати за своите грешки. Некој вели дека Диего бил херој, велам дека хероите се совршени, не прават грешки. Диего беше антихерој“, рече тој.
„И покрај неговите слабости, тој стана најдобриот на сите времиња. Беше со луда глава“, додаде тој.