ФУДБАЛ

Легендата на Ливерпул уште еднаш го нападна Клоп

Поранешниот германски репрезентативец и легенда на Ливерпул, Дитмар Хаман верува дека раководството на клубот би можело да размисли за отпуштање на Јирген Клоп од тренерската функција, доколку перформансите на играчот од „Енфилд“ не се подобрат во наредните недели.

„Црвените“ моментално се на 11. место на табелата и имаат дури 14 бодови помалку од водечкиот Арсенал, што секако е недозволиво за клуб како Ливерпул во овој момент. Сепак, врз основа на изминатите сезони, Клоп ја има целосната доверба од челниците на клубот.

Сепак, поранешниот играч на оваа екипа Дитмар Хаман повторно го „искаса“ својот сонародник и смета дека треба да добие отказ.

 

“Очигледно е дека Ливерпул има проблеми во моментов. Можеби тренерот гледа поинаку, па ако мисли дека зборувам глупости, нека го каже тоа. Немам проблем со тоа, мора да ги почитувате другите мислења”, изјави Хаман. изјави за Скај.

Поранешниот играч на Ливерпул и Германија вели дека доколку Ливерпул го загуби следниот натпревар против Манчестер Сити, одлуката да се раздели со Клоп ќе биде „совршено оправдана“.

Хаман претходно ја критикуваше формата на Ливерпул, нарекувајќи ја „рамна“ и „без искра“, на што германскиот тренер само одговори со сарказам и насмевка.

49-годишниот исто така изјави дека несомнениот придонес на Клоп за Ливерпул нема да биде важен доколку тимот не почне да победува во натпреварите.

„Ако Ливерпул не успее да го победи Сити во недела, може да се случи да паднат девет или десет поени зад четвртото место. Ако играта и резултатите не се подобрат, оваа дебата (за отказот на Клоп) ќе се појави во одреден момент. Јасно е не е важно што сте правеле во последните четири или пет години“, додаде Хаман.

Јирген Клоп дојде во Ливерпул на 15 октомври 2015 година, пред точно седум години. „Црвените“ одиграа 392 натпревари под негово водство, при што остварија 244 победи, 82 порази и 66 нерешени.

55-годишниот поранешен тренер на Борусија Дортмунд освои многу трофеи со Ливерпул, вклучувајќи ги Лигата на шампионите и англиската Премиер лига.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига