Ралф Рангник денеска и официјално беше претставен како нов менаџер на Манчестер Јунајтед.
Германскиот стручњак ќе го води Јунајтед до крајот на сезоната, по што ќе стане советник во клубот и ќе соработува со идниот менаџер. Иако зад себе има завидни резултати на клупата на Лајпциг и Хофенхајм, легендарниот Патрис Евра, поранешен играч на Јунајтед, не е голем оптимист.
„Јунајтед има своја ДНК, начинот на кој игра, а сега овој човек ќе дојде и ќе каже дека не играме повеќе така. Манчестер Јунајтед играше на свој начин толку многу години и сега ќе дојде некој лик и ќе го промени сето тоа. Тоа многу ме фрустрира“, изјави Евра по натпреварот Манчестер Јунајтед – Арсенал (3:2).
“Кој е Рангник? Дали тој воопшто е тренер? Дали нешто освоил? Мислам дека треба да биде во академијата, да биде директор или да учи деца”, јасен е Французинот.
На крајот изјави дека ги поддржува сите што го водат Јунајтед, вклучително и Рангник, но смета дека треба да се почитува историјата и филозофијата на култниот англиски клуб.
Да потсетиме, привремениот тим по заминувањето на Оле Гунар Солскјер го предводеше Мајкл Керик, кој забележа победи над Виљареал на гости во Лигата на шампионите и Арсенал на домашен терен во Премиер лигата, а победи на тешкото гостување против Челзи.
И покрај тоа, Карик му го препушта местото на Рангник, а интересно е што повеќе нема да биде дел од стручниот штаб, односно ја заврши својата авантура на Олд Трафорд во секоја смисла и сега ќе биде само навивач, иако можно е повторно да го видиме во иднина улога во Манчестер.