ФУДБАЛ

Легендата на Реал ја загуби битката со коронавирусот

Реал Мадрид повторно во жалост. Коронавирусот е виновен за смртта на уште една легенда на кралскиот клуб, овој пат поранешниот дефанзивец Грегорио Бенито, го загуби животот.

Бенито почина на 73-годишна возраст, претходно боледуваше од Алцхајмерова болест, а неговата состојба значително се влоши откако беше заразен со Ковид-19.

„Реал Мадрид беше со него во секој момент во битката со болеста од која страдаше повеќе од десет години. Мадрид денес е во жалост за заминувањето на еден од најголемите дефанзивци во историјата на клубот”, изјави Реал.

Тој го носеше дресот на Лос Бланкос од 1969 до 1982 година, собра 420 настапи и освои 11 трофеи. Поради неговиот карактер, храброст и темперамент, тој го добил прекарот Храбра секира.

„Тој беше многу болен и претходните денови беше во изолација. После една криза, тој беше префрлен во болница, но неговата состојба беше толку тешка што го испратија дома, таму каде што почина”, рече претседателот на Здружението на навивачи на Реал Мадрид, Мануел Гарсија.

За потсетување, нешто порано од коронавирус почина и  Лоренцо Санц, поранешен претседател на Реал Мадрид.