Екипата на Арсенал игра катастрофално на отворањето на новата сезона.
Топџиите од Лондон претрпеа три порази во три кола, сеуште немаат постигнато гол и се последнопласираниот тим во Премиер лигата.
Фановите на овој тим се разочарани од работата што ја направи Микел Артета, но уште повеќе од работата на спортскиот директор Еду, кој не стана познат по трансферите.
Легендарниот холандски фудбалер и поранешен фудбалер на Арсенал, Марк Овермарс ги понуди своите услуги на клубот преку Реј Парлор.
Подготвен е да се врати во клубот за да го исчисти нередот.
„Се допишував со Марко и тој ми рече: Реј, морам да се вратам во клубот и да го исчистам нередот“, откри Палор, додавајќи:
“Еду е главниот виновник за се. Тој ја има најважната улога, доведување играчи. Тоа е најважно за секој клуб. Еду играше за победнички тимови, веројатно знае што им треба, но како да привлече играчи кога не игра во Европа? Секој сака да игра во Лига на шампиони или Лига Европа. И за него е тешко, бидејќи понекогаш играчите се преплатени поради тоа. Тоа го направија со неколку играчи”.
Марк Овермарс во моментов е спортски директор на Ајакс. Тој беше на таа позиција девет години и прави навистина одлична работа.
Како холандски фудбалер, тој го носеше дресот на Арсенал од 1997 до 2000 година. Одигра 141 натпревари и постигна 41 гол.