Лос Анџелес Лејкерс ќе ги отвори своите тренинг центри во сабота.
На играчите ќе им биде дозволено да тренираат според правилата донесени од локалните власти и ова ќе бидат први активности на оваа франшиза уште од 13 март, кога по позитивниот тест на Руди Гоберт во пресрет на натпреварот на Јута Џез и Оклахома Сити, понатамошното натпреварување во НБА-лигата беше откажано.
Леброн Џејмс е еден од најголемите поборници за продолжување на сезоната и неодамна со неколку други НБА суперsвезди формираше група која се залага за сезоната да продолжи и чие мислење ќе се земе предвид кога станува збор за конечна одлука за продолжување или суспендирање на НБА-лигата со оглед на тоа што во неа се звучни имиња как што се Кари, Леонард, Дејвис, Леброн, Лилард…