КОШАРКА

Лејкерси поставија клупски рекорд со 15 тројки во првото полувреме против Пеликанс

Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс, ноќеска го повторија клупскиот рекорд за погодени тројки во првото полувреме. Во првите 24 минути на средбата со Њу Орлеанс пеликанс (123:108), тимот од Калифорнија уфрли 15 прецизни удари од зад лакот. 

Во погодените тројки се истакна Малик Бисли кој реализира седум. Вкупно на натпреварот Лејкерси реализираа 18 од 39 обиди за три поени. 

По 69 одиграни натпревари ЛА лејкерс имаат 34 победи и 35 порази за во моментов 10. место во Западната конференција од НБА-лигата.

НБА, резултати:

Шарлот – Кливленд 104:120

Вашингтон – Детроит 117:97

Торонто – Денвер 125:110

Њу Орлеанс – ЛА Лејкерс 108:123

Оклахома Сити – Бруклин 121:107

Сан Антонио – Орландо 132:114

Феникс – Милвоки 104:116

Портланд – Њујорк 107:123