ФУДБАЛ

Лекарот на Марадона откри сè: Ме избрка од куќата, но јас не сакав да одам се додека тој не стана! (ВИДЕО)

Поради смртта на Диего Марадона, главниот лекар на неговиот медицински тим Леополд Луке е под истрага.

Тој е осомничен за можно убиство од небрежност.

Луке реши да ги повика аргентинските новинари и да одговори на нивните прашања.

Во солзи, тој рече дека не станува збор за лекарска грешка и дека го сакал Диего и правел се за да биде подобар.

“Јас не сум одговорен, горд сум на сè што направив за Диего и неговото семејство. Неговите браќа ме обожаваат”, рече тој, додавајќи.

“Тој ме избрка од куќата и ме навредуваше. Кога му се слоши, се однесуваше така кон сите. Не сакаше да разговара ниту со ќерките. Му реков дека не заминувам додека не стане од кревет. Успеав да го станам и потоа морав да заминам. Срцевиот удар е сосема нормален за некој што имал историја на болест што ја имал Диего.“

Тој посочува дека никој не можел ништо да му наметнете на Диего, пороците биле посилни, како на пр. алкохол

“Не можете да му наметнете ништо, тој беше ужасно тврдоглав. Требаше да замине на прекин на алкохолот, но не сакаше. Моравме да балансираме помеѓу таблетите што ги пиеше и алкохолот што го пиеше. Тој правеше што сакаше. Јас не сум виновен за ништо, и јас сум на располагање на истражителите “, додаде тој.