Ферари стигна до двојна победа на првата трка од новата сезона во Формула 1 возена во Бахреин.
Шарл Леклер прв ја мина целта и го забележа третиот триумф во кариерата и прв за Ферари по две и пол години чекање.
Втор беше Карлос Саинц, додека Луис Хамилтон направи мало чудо во својот Мерцедес и успеа да заврши на подиумот.
Најголеми губитници се возачите на Ред Бул. Макс Верстапен се бореше за триумф до неколку круга пред крајот, но му откажа моторот и мораше да се откаже. Во последното круг истото му се случи и на Карлос Перез.
На трката меѓу 17 и 19 круг беше забележана голема борба меѓу Леклер и Верстапен кој неколку пати се претекнуваа, а победник во тој дуел беше возачот на Ферари.
https://youtu.be/5cOxQMwoTKM
Откако се запали болидот на Пјер Гасли, безбедносното возило излезе на патеката и се повлече до боксот во 50-от круг. По рестартирањето следуваше дебаклот на Ред Бул, кој го искористија Ферари и Мерцедес.
https://twitter.com/FthOne__/status/1505580450122719234
Во бодови финишираа и Џорџ Расел (Мерцедес), Кевин Магнусен (Хаас), кој беше можеби најдобриот возач на денот и Валтери Ботас (Алфа Ромео), Естебан Окон (Алпин), Јуки Цунода (Алфа Таури), Фернандо Алонсо (Алпин) и дебитантот од Кина Гуанју Цоу (Алфа Ромео).