Јенс Леман успешно се опорави од коронавирусот откако беше тестиран позитивен.
Леман претходно беше под критики, откако им сугерираше дека навивачите треба да присуствуваат на натпреварите. Без оглед на критиките, легендарниот голман остана на својот став.
Поранешниот голман на Арсенал и германската репрезентација смета дека за време на натпреварите треба да се наполне 25% од капацитетот на стадионот.
„Ако е исполнето секое четврто седиште, ќе има доволно простор меѓу нив. Секој што ќе го прекрши правилото за далечина, ќе биде исфрлен и ќе му биде забрането да присуствува на следните натпревари“, рече Леман.
“Имав треска ден и половина и кашлав. После две недели карантин, јас бев прогласен за здрав. Полесно ми беше да се справам со настинката, додека луѓето во ризичната категорија очигледно мора да бидат внимателни”, 50-годишниот ја опиша својата борба со коронавирусот.
Патем, германските клубови се договорија минатата недела да ја започнат Бундеслигата на 9-ти мај пред празни трибини. Само се чека зелено светло на германската влада.