РАКОМЕТ

Лесна победа на Металург против гостинот од Врање

Во Автокоманда вчера се одигра меѓународна пријателска средба меѓу екипите на Металург и српскиот прволигаш Врање 1957.

Средбата мина во целосна доминација на Металург, кој од самиот почеток почна со полнење на противничката мрежа. Веќе во 9. минута имавме предност од 8 гола, 10:2. До крајот на првиот дел разликата достигна и до 11 гола.

Во второто полувреме продолжи офанзивата на Металург, кој пр крајот имаше и максимална позитива од 21 гол. Се чини дека Металург можеше да дојде и до многу повисока предност, но многу наши акции завршија без погодок, во обид да се постигне ефектен гол.

Конечниот резултат е 47:29. Ова беше трет пријателски натпревар на Металург по враќањето од Франција. Забележавме пораз од Вардар и победи против КЛ7 и Врање.

ПОВРЗАНО

Вардар