Фудбалерот на Лестер, Дани Симпсон ќе го пропушти дуелот со Ливерпул, објавија англиските медиуми.
Дефанзивецот на поранешниот англиски шампион го повреди бутниот мускул и с еочекува да биде надвор од терените следните неколку седмици.
Симпсон се повреди пред четири дена во ремито со Манчестер Јунајтед (2:2) и не играше со Вотфорд.
Лестер ќе гостува на „Енфилд“ кај Ливерпул в сабота со почеток во 16 часот.