Екипата на Барселона во летниот преоден рок ќе се обиде да ангажира дури пет играчи.
За разлика од јануарскиот трансфер пазар, Каталонците повеќе нема да бидат преполни со напаѓачи, туку главна ѕвезда што сакаат да ја доведат е напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд.
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта сака да го ангажира 21-годишниот Норвежанец. Тој прави апсолутно се за да го направи тоа, иако ќе има жестока конкуренција во многу побогати клубови.
Останатите желби најмногу се однесуваат на дефанзивниот дел на тимот, а Барса би сакала да доведе еден играч од средниот ред. Станува збор за фудбалерот на Интер Марсел Брозовиќ.
Наводно веќе е воспоставен контакт со него, на маса е понуда од осум милиони годишно и ќе видиме дали хрватскиот играч за врска ќе заврши на стадионот „Камп Ноу“.
Најкритичен е дефанзивниот дел на тимот. Тоа се гледа од натпревар во натпревар, а Лапорта верува дека со доведување на тројца играчи верува дека ќе се реши овој проблем.
Тој сака да го доведе дуото на Челзи Цезар Аспиликует – Андрес Кристенсен, но на листата на желби е и играчот на Валенсија, Хозе Гаја.