Јувентус веќе прави планови за летната турнеја, иако оваа сезона сѐ уште не е завршена.
Италијанскиот клуб сака да ги организира натпреварите за летната турнеја како дел од подготовките за следната сезона, и речиси е сигурно дека нема да ги гледаме во САД.
Минатата година, Јувентус го одигра Интернационалниот куп во Америка, но оваа година нивната дестинација најверојатно ќе биде Азија поради Кристијано Роналдо.
Имено, Њујорк тајмс објави дека Јувентус не сака да оди во Америка за подготовките поради Роналдо, бидејќи во тој случај нивниот најдобар играч може да биде во неволја.
Познато е дека Роналдо сé уште е обвинет за силување на Кетрин, а со заминувањето во Америка може да биде уапсен и испратен на сослушување. Очигледно во Јувентус мислат на сè и не сакаат да дозволат такво нешто.
Јуве ќе треба да игра во Кина и Сингапур.