Една од најголемите саги во летниот преоден рок е при крај. Капитенот на Англија, Хари Кејн никогаш не е поблиску до дресот на Баерн Минхен.
Имено, како што пренесува порталот „Атлетик“, Баерн и Тотенхем постигнале договор за трансферот на Кејн. Сопственикот на тврдоглавите Спарс, Даниел Леви, кој летово одби три понуди од Минхен, се согласи да го продаде својот најдобар играч за сума од 100.000.000 фунти. Останува само Кејн да се изјасни дали сака да се пресели во Баерн или не.
Од се што направи летото се чинеше дека Кејн сака да замине во Баерн, но во меѓувреме некои работи се сменија.
Кејн сакаше целата работа да се реши пред почетокот на сезоната во Премиер лигата и дуелот со Брентфорд во првото коло. Тој е презадоволен од соработката со новиот менаџер на Тотенхем Поштекоглу, па сега прашање е каква ќе биде неговата реакција на договорот меѓу Леви и првиот човек на Баерн.
Тој има само уште една сезона од договорот со Спарс.
