ФУДБАЛ

Летните планови на Ливерпул – тројца репрезентативци на Португалија се на „радар“

Англискиот гигант Ливерпул им „фрлил око“ на тројца репрезентативци на Португалија, пренесува „The Sun“. Според изданието, Јирген Клоп сака на лето да го засили својот состав со играчи на Вулверхемптон и Фулам!

Станува збор за фудбалери на „волците“ Рубен Невес и Матеус Нунес.

26-годишниот дефанзивен играч за врска Невес има договор со Волвс до летото 2024 година, а „Трансфермаркт“ неговите квалитети ги вреднува на 40 милиони евра. Сестраниот играч за врска Нунес, кој има 24 години, е врзан за клубот до 30 јуни 2027 година, а неговата цена е околу 45 милиони евра.

Се споменува и името на 27-годишниот играч за врска на Фулам Жоао Палиња – неговиот договор е со важност до летото 2027 година и би ги чинел „мерсисајдерите“ приближно 28 милиони евра.

https://twitter.com/Romt78/status/1630665778088361985