ФУДБАЛ

Лев се уште нема договор со Фенер, сака во Примера или ПЛ

Поранешниот селектор на германската репрезентација Јоаким Лев е подготвен да ја продолжи тренерската кариера во клупскиот фудбал – претходните денови се поврзуваше со истанбулски Фенербахче, но се уште нема договор со турскиот гигант.

Како што пренесува шпански „АС“, 62-годишниот стручњак би сакал да работи во шпанското или англиското првенство, а во текстот се наведува дека во текот на претходната година имал часови по шпански јазик за подобро да се снајде во случај на ангажман во Ла Лига.

Лев има искуство од минатото за неговата работа во Турција, а тој беше тренер на Фенер пред повеќе од 20 години.

Лев беше селектор на Германија од 2006 до 2021 година, а претходно работеше во Фрауенфелд, Швајцарија, Штутгарт, Фенербахче (1998/1999), Карлсруе Адани, како и Тирол од Инсбрук и Австрија од Виена. Тој исто така беше професионален фудбалер од 1978 до 1995 година, а цело време го помина во германскиот фудбал.

ПОВРЗАНО

Ла Лига