ФУДБАЛ

Лева му посака на Меси совршен крај на кариерата – светски трон и враќање во Барса!

Роберт Левандовски и Лионел Меси не беа во најдобри односи поради борбата за „Златната топка“, но Полјакот веќе некое време ги закопува секирите.

Левандовски даде интервју во кое изрази желба да игра со Меси во тимот, а на некој начин му посака на Аргентинецот да го освои Светското првенство во Катар.

„Мислам дека оваа Аргентина со Меси во тимот е меѓу најголемите фаворити за освојување на Светското првенство. Тие се непобедливи повеќе од 30 натпревари, повеќе од три години, играат одлично и има посебна енергија меѓу нив. “ , изјави Левандовски.

Тој индиректно го повика Меси да се врати во Барса.

“Не знам што носи иднината, но за напаѓачот е остварување на сонот да игра со Лео Меси. За мене тоа е една од моите најголеми желби, без сомнение. Меси знае како да ги “скрши линиите” со додавање, а тој е најдобар во светот во тоа. Секој напаѓач станува уште подобар покрај него во тимот “, истакна Левандовски.