ФУДБАЛ

Левандовски ги избра најдобрте пет „деветки“ во светот

Напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски, ги избра петте најдобри напаѓачи во светот во моментот.

Секако, Левандовски одлучи да не го става своето име на списокот, не би било фер да се вклучи тој.

Во разговорот со „Goal.com“, одличниот стрелец на Баерн, на прашањето кои се најдобрите напаѓачи денес, одговори:

„Ова е прилично тешко прашање, но ако зборуваме само за деветки, тогаш станува збор за Бензема, Вернер, Суарез, Агуеро и Мбапе“, рече Левандовски.

Тој главно ги набројуваше напаѓачите од најдобрите европски лиги, со исклучок на Италија, каде според Полјакот, во моментов нема доволно добри „деветки“ за да се вклучат на неговиот список.