ФУДБАЛ

Левандовски ги избра своите четворица омилени играчи по позиција и ги шокираше сите со својот избор

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски пред неколку дена дебитираше во дресот на Барселона.

Левандовски реши да го напушти Баерн ова лето по осум сезони и единствена цел му беше да потпише за Барселона, што на крајот успеа да го постигне.

Полјакот викендов дебитираше за каталонскиот клуб против Рајо Ваљекано, но дебито не помина како што се надеваше бидејќи натпреварот на Камп Ноу заврши без голови.

Левандовски повторно се најде во центарот на вниманието на фудбалската јавност откако Барселона објави видео од краткото интервју со полскиот напаѓач.

Искусниот напаѓач ги избра четирите најдобри играчи по позиција, а на крајот имаше навистина интересен избор.

За најдобар голман го избра Фабиен Бартез, што ги изненади сите. Сепак, Лева објасни дека како дете многу ја следел француската репрезентација и дека многу му се допаѓа стилот на Бартез.

Што се однесува до дефанзивецот, тој го избра Карлес Пујол бидејќи верува дека тој бил лидер и газда во одбраната и дека секогаш бил подготвен за борба и го давал својот максимум на секој натпревар.

Левандовски изненади многумина и во изборот на играч за врска. Покрај сите ѕвезди во фудбалот, тој го избра Бастијан Швајнштајгер со кој играше во Баерн.

На крајот за најдобар и омилен напаѓач го избра Тиери Анри на кого особено му се восхитуваше кога беше дете. Анри беше идол за Левандовски и внимателно ги следеше сите негови игри и голови.