Роберт Левандовски се чини дека по завршувањето на договорот со Баерн Минхен, кој истекува за две години, ќе има нов клуб. Нема да го продолжи договорот, наводно тоа го знаат и во германскиот тим, но ќе ја испочитуваат неговата желба да го оствари сонот. Неговиот сон е да го облече дресот на Реал Мадри, а ова исто така е голема желба и на претседателот на „кралевите“ Флорентино Перез.
Имено, Перез во последните пет години секое лето се распрашува кај челниците на Баерн за евентуален трансфер на Левандовски и постојано добиваше негативен одговор. Поради одличните односи со челниците на баварскиот тим, тој не сакаше да им работи зад грб и сега кога Полјакот јавно изјави дека сака нови предизвици во кариерата, е подготвен да реагира.
Левандовски го носи дресот на Баерн Минхен од 2014 година и на 216 натпревари постигна 198 голови, а неговиот агент Пини Захави, најави дека ќе ги сослуша сите понуди кои ќе пристигнат за одличниот напаѓач, што за најголем дел од медиумите тоа е знак дека негова следна дестинација ќе биде Шпанија.