ФУДБАЛ

Левандовски има шанса против Шведска да изедначи со уште еден рекорд на Герд Мулер

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски постигна гол за својата репрезентација синоќа во ремито со Шпанија (1:1) во Севиља во мечот од 2. коло од групната фаза во ЕУРО.

Левандовски постигна три гола на Европските шампионати и е првиот Полјак кој постигнал голови на три вакви турнири. Вкупно, напаѓачот на Баерн постигна 67 голови во дресот на Полска.

Ова значи дека тој е на прагот да го надмине легендарниот Герд Мулер, кој постигна 68 голови во дресот на Германија. Лева има шанса да го стигне поранешниот капитен на Баерн за неколку дена против Шведска.

Потсетуваме, тој минатата сезона го надмина рекордот на Мулер од 49 години според бројот на постигнати голови во една сезона во Бундеслигата. Покрај тоа, Полјакот стана првиот играч кој го освоил признанието за најдобриот стрелец во Бундеслигата четири пати по ред.

Инаку, на Левандовски му беа потребни 118 натпревари за 67 голови, додека Мулер ги даде своите 67 за само 62 натпревари во германскиот дрес.

Левандовски се уште е далеку од соборување на светскиот рекорд за голови во националниот тим. Досега најефикасен е Иранецот Али Даеи, кој постигна 109 голови. Португалецот Кристијано Роналдо има три гола помалку.

 

 

ПОВРЗАНО

Бундеслига