Полскиот напаѓач Роберт Левандовски им откри една од своите најголеми тајни на своите фанови.
Во интервју за „Фокус магазин“ одличниот Полјак и напаѓач на Баерн објасни од каде му текнало за фамозната прослава која го одбележува секој постигнат гол
Оваа сезона фантастичниот голгетер постигна дури 45 гола во сите натпреварувања и незапирливо ита кон титулите најдобар стрелец во Бундес лигата и Лигата на шампионите.
Она што е карактеристично за неговата прослава по постигнатите голови е тоа што ги стегна тупаниците пред градите, а објасни и зошто го прави тоа. Сè, признава, започнало со неговата ќерка Клара.
„Мојата ќерка така се држеше за раце кога имаше две години, па почнав да ја имитирам и тоа е она што остана“, рече Левандовски.
Иако Баерн во саботата во Фрајбург славеше со 4:1, Левандуси интересно не постигна ниту еден гол, па не можевме да го видиме неговото славје уште еднаш.
На теренот мина 62 минути, по што беше заменет, веројатно за да биде поспремен за дуелот со Виљареал, првиот меч од четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Баерн е лидер во Бундеслигата со 66 бодови и има дури девет бода повеќе од Борусија Дортмунд, која во саботата неочекувано беше поразена од Лајпциг на домашен терен.
Полјакот ќе игра на Светското првенство во Катар откако со својата репрезентација во плеј-офот ја совлада Шведска со 2-0, а во меѓувреме продолжуваат гласините за негов трансфер во Барселона на крајот од сезоната. Имено, тој има договор со Баварците до летото 2023 година, но Баерн е подготвен да го продаде за да заработи, а се верува дека Каталонците се подготвени да му платат околу 50 милиони евра и да му дадат добар договор.
Секако, навивачите на Баерн и повеќето луѓе во клубот не сакаат да замислат тим без големиот Лева, но порано или подоцна во Баварија мора да го прифатат фактот дека ќе останат без поранешниот играч на Борусија Дортмунд кој остави голема трага во осум години игра за Баерн.