ФУДБАЛ

Левандовски користи бизарно правило за заминување, а Баерн бесен: „Не е фер, не може така“

Роберт Левандовски нема дилема. Полскиот напаѓач со сите сили сака да си замине од Баерн и тоа го повтори неколку пати.

“Мојата ера во Баерн заврши. Не гледам повеќе можност да играм за тој клуб. Баерн е сериозен клуб. И мислам дека нема да ме задржат. Не сакам повеќе да играм таму. Трансфер е најдоброто решение. Се надевам дека тоа нема да ме спречи“, рече Левандовски.

Од Баерн сепак постојано повторуваат дека нема да го пуштат Лев и дека сакаат да го задржат до истекот на неговиот договор. Тоа го налути 33-годишниот напаѓач и неговиот агент Пини Захави и тие се подготвени да направат преседан и да го искористат правилото на ФИФА кое навистина ретко се користи.

 

Според правилата на ФИФА, играч кој има над 28 години и кој има две или помалку години договор со некоја екипа, може да го откупи сопствениот договор за помалку од 20 милиони евра.

 

На претседателот Баерн Хајберт Хајнер воопшто не му се допаѓа ова правило. Во интервју за Билд, тој истакна дека правилото не е фер кон клубовите.

„Отсекогаш укажувавме дека Левандовски има договор до 30 јуни 2023 година, а договорот е договор. Каде ќе одиме ако некој играч може самоволно да го раскине договорот. Тоа не е фер. Тоа не може да оди така. “, рече Хајнер.

 

Тој е изненаден што Левандовски одлучил јавно да каже дека не сака да се врати во клубот.

 

“Изненаден сум што го избра тој начин. Јас не би го направил тоа на негово место, особено што тој е долго време во Баерн. Освои бројни награди и двапати беше најдобар играч во светот. Тој знае што претставува за овој тим“.

 

Претседателот на Баерн е убеден дека полскиот напаѓач и следната сезона ќе игра за Баерн.

 

„Сакаме да ги имаме најдобрите играчи, а тој е еден од најдобрите. Затоа сум уверен дека ќе игра за нас во новата сезона“, изјави претседателот на Баерн.

Лева освои се што можеше со Баерн во изминатите осум години. Тој има изложено 19 трофеи и 344 постигнати голови на 374 натпревари.