Левандовски дебитираше за Барселона на пријателскиот натпревар против Реал Мадрид (1:0), а следниот подготвителен натпревар каталонскиот тим ќе го одигра ноќта меѓу вторник и среда во Далас против Јувентус.
Новиот фудбалер на Барселона, Роберт Левандовски денеска изјави дека верува дека може да игра на високо ниво „уште неколку години“, откако во преодниот рок го засили каталонскиот тим.
„Тестовите што ги направив велат дека моето тело е помладо од мојата возраст (33). Не знам колку години ќе играм на високо ниво, но сигурно можам да играм неколку“, изјави Левандовски, пренесе Скај.
Полскиот напаѓач неодамна се пресели од Баерн Минхен во Барселона во трансфер вреден 50 милиони евра. За Баерн игра од 2014 година, а меѓу другото во кариерата ја освои и „Златната топка“ во 2020 година.