Одличниот полски напаѓач Роберт Левандовски (33) би можел да го напушти Баерн во летниот преоден рок.
Според информациите на германските медиуми, 33-годишниот фудбалер во моментов не е задоволен во клубот. Тој е разочаран што не му бил понуден нов договор и е подготвен да си замине.
Ова за Кикер го потврди неговиот менаџер Пини Захави.
„Можам да ви потврдам дека никој од Баерн не не контактирал за новиот договор“, изјави Захави, кој беше прилично разочаран.
Баерн сега е на голем тест. Лева бара нов повеќегодишен договор до лето или ќе го напушти клубот. Сега останува на раководството на баварскиот гигант и ќе видиме дали ќе му понудат нов договор.
View this post on Instagram
Роберт Левандовски во Баерн пристигна пред осум години од Борусија. Неговиот договор е со важност до летото следната година, а во претходните сезони покажа дека е еден од најдобрите напаѓачи во светот.
За баварскиот гигант Лева одигра 365 натпревари, постигна 337 гола, собори бројни рекорди и освои апсолутно се што можеше.
Лева во претходните сезони се поврзуваше со Реал, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, но остана верен на Баерн каде што беше вистински крал.