Роберт Левандовски синоќа не ја освои Златната топка, што ја изненади фудбалската јавност.
Во организација на Франс Фудбал во Париз се одржа доделувањето на Златната топка, а на крајот оваа награда ја освои Лионел Меси.
Меси успеа да ја освои Златната топка по седми пат во кариерата, но многумина сметаат дека оваа година не ја заслужил. Според фудбалската јавност, Златната топка требаше да ја добие Левандовски, кој веќе неколку години игра фантастично во Баерн.
Франс Фудбал пред почетокот на церемонијата објави дека за првпат ќе биде избран најдобриот напаѓач на светот, што веднаш беше јасно дека Левандовски нема да ја освои Златната топка.
Од сите страни пристигнуваат критики за Франс Фудбал бидејќи многумина веруваат дека Левандовски повторно е „ограбен“.
Сепак, германските медиуми објавија дека Лева сепак може да ја добие Златната топка, но не од Франс Фудбал туку од првиот освојувач на Златната топка во историјата на легендарниот Луис Суарез Мирамонтес.
Тој е еден од најдобрите шпански играчи на сите времиња, а во својата 16-годишна кариера со многу успеси играше за Барселона, Депортиво и Интер. Тој помина шест години во Барселона, а потоа стана првиот играч кој ја освоил Златната топка на изборите во 1960 година.
Легендарниот фудбалер проговори неколку недели пред церемонијата во Париз и порача дека Левандовски мора да ја добие Златната топка, а доколку тоа не се случи, ќе му ја даде својата.
„Дајте му ја Златната топка на Левандовски. Во спротивно ќе му ја дадам мојата“, изјави неодамна поранешниот напаѓач на Барселона, на големо задоволство на фудбалскиот свет, а оваа изјава утрово повторно дојде до израз.
Левандовски и минатата година беше фаворит за освојување на Златната топка, но и тогаш не ја доби бидејќи Франс Фудбал ја откажа церемонијата поради пандемија на коронавирусот.
Former Barcelona and Inter midfielder and 1960 Ballon d'Or winner Luis Suárez Miramontes: "Give the Ballon d'Or to Lewandowski, damn it! Otherwise, I'll give him mine" [@carrusel] pic.twitter.com/YY2Xr5uWIJ
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) November 4, 2021