ФУДБАЛ

Левандовски: Напредував во Баерн уште од првиот ден

Голгетерот на Баерн и еден од најдобрите европски голгетери Роберт Левандовски објаснува зошто решил да се пресели во Баерн од Борусија Дортмунд во 2014 година.

Полскиот ас ја игра осмата сезона во дресот на минхенскиот гигант. И речиси секој беше совршен.

„Кога дознав за интересот на клубот, сфатив дека сакам да одам таму. Тоа беше голем чекор напред во мојата кариера. Сфатив дека треба да покажам уште повеќе. Сакав да го носам дресот на Баерн за да играм на високо ниво и да ги освојам најважните трофеи“, изјави Роберт Левандовски за официјалниот сајт на УЕФА.

Многу брзо по пристигнувањето во Минхен се уверил дека е во право.

„Од првиот ден во Баерн сфатив дека со такви играчи покрај мене можам само да напредувам. По два-три месеци веќе почувствував дека станав подобар играч“.

Левандовски денес има 33 години, со Баерн досега има освоено 18 трофеи, вклучувајќи ја Лигата на шампионите во 2020 година и седум последователни титули во Бундеслигата (2015, 2016, 2017, 2018, 2o19, 2020, 2021 година). За тоа време одигра 238 натпревари за Баварците и постигна дури 226 голови.

ПОВРЗАНО

Бундеслига