Лионел Меси беше прогласен за најдобар играч на светот синоќа во Париз и ја освои рекордната шеста Златна топка.
Аргентинецот по наградата за најдобра на ФИФА, синоќа ја доби и Златната топка од Франс Фудбал. Меси ги остави зад себе Вирџил ван Дајк и Кристијано Роналдо.
За многумина беше интересно што напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски заврши на осмото место. Полскиот фудбалер игра во животна форма, некои дури и се надеваа дека на крајот би можел да биде во ТОП 3 најдобрите играчи во светот.
Сепак, Левандовски на крајот беше осми, иако на 21 натпревар постигна 27 голови од почетокот на новата сезона. Но, очигледно тоа не е доволно за да се дојде до врвот, а Левандовски ја знае и причината зошто.
„Не сум разочаран и задоволен сум што сум во толку одлично друштво. Резултатите со толку големо и разновидно гласачко тело секогаш треба да се земат со мала маргина. Затоа, не очекував подобро место. Она што го правам сега ќе се покаже наредната година и не сум разочаран “, рече Левандовски и продолжи.
„Што можам да направам за да бидам подобар на оваа листа следната година? Треба да имам уште подобри бројки и тоа е јасно за сите. Свесен сум дека затоа што сум Полјак морам да бидам среќен со местото што го освоив оваа година“.