За време на Формула 1 трката во Монте Карло, Полјакот ги отстрани дилемите, доколку ги имало, околу заминувањето од Баерн.
Роберт Левандовски дојде во Баерн во 2014 година и за тоа време освои осум шампионски титули на Германија, три купа на оваа земја, пет трофеи во Суперкупот, Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство.
Но, очигледно, дојде време да се збогуваме. Иако, поради тоа во Минхен не се среќни. Левандовски веќе не ни крие. На крајот на краиштата, популарниот Лева на крајот од сезоната се прости од соиграчите и им кажа дека го напушта клубот, сакајќи да најде нов предизвик во кариерата.
Сепак, челниците на баварскиот клуб секогаш тврдеа дека Левандовски ќе остане член на Баерн. Полјакот во неделата ја следеше Формула 1 трката во Монте Карло, а неговото присуство не остана незабележано.
Секако, новинарите ја искористија приликата да му постават прашања поврзани со продолжувањето на кариерата, со акцент на Барселона.
„Шпанија е многу убаво место. Имаме куќа таму. Барселона? Тоа ќе зависи од многу фактори. Мојата ситуација е сосема јасна и мислам дека нема потреба поради тоа да се емотивирам, практично е невозможно да се тврди дека и следната сезона ќе бидам фудбалер на Баерн – јасно порача Левандовски.