Баерн ја победи Севиља и го освои Суперкупот на Европа во четвртокот вечерта во Будимпешта, по продолженијата.
Освојувачот на Лигата на шампионите од минатата сезона со сила ја започна новата сезона и веднаш стигна до трофејот, а за четири дена има можност да освои нов бидејќи против Борусија Дортмунд ќе го игра германскиот Суперкуп.
Како што објавија германските медиуми, фудбалерите на Баерн не успеаја да го прослават успехот. Зошто?
“Ние дури и не ја прославивме победата. Бевме премногу уморни по 120 минути игра. Веќе се подготвуваме за натпреварот против Хофенхајм. Немавме ниту слободен ден. Би сакал да поминам пет дена во ледените бањи”, рече Левандовски.
Така, утре Баерн ќе игра со Хофенхајм, во среда против Борусија во Суперкупот и потоа повторно за викендот против Херта во Бундеслигата.