ФУДБАЛ

Левандовски откри каде сака да ја продолжи и да ја заврши кариерата

Статусот на Роберт Левандовски во Баерн се уште е нерешен.

Полскиот напаѓач има договор до летото 2023 година, но разговорите за негово продолжување се уште не се започнати.

“Роберт се уште не одлучил за својата иднина. Тој и клубот се согласуваат за едно – доколку договорот не биде обновен, тој ќе биде продаден на лето”, објави неодамна престижниот германски БИЛД.

Во медиумите често се појавуваат сензационални извештаи за иднината на Левандовски. Според последните вести, Левандовски бил на мета на Барселона. Сепак, за капитенот на полскиот тим се заинтересирани и други клубови, а меѓу нив, според шпанскиот АС, Реал Мадрид.

Левандовски со години се поврзува со Реал. Според шпанските новинари, неговиот вистински сон е да ја заврши кариерата во Реал Мадрид, а тоа му го пренел на својот агент Пини Захави.

Во исто време, „АС“ ја потврдува информацијата на „Билд“ дека Полјакот исклучува заминување од Баерн по истекот на договорот. Доколку тоа се случи, тоа ќе биде за неколку месеци, во текот на летниот преоден рок. А според Шпанците, Левандовски е решен тоа да го оствари.

„Со оглед на тоа дека договорот му истекува следното лето, се проценува дека Левандовски не би требало да чини повеќе од 50-60 милиони евра.Во август ќе наполни 34 години (една година е помлад од Бензема) и има две или три сезони да игра на највисоко ниво“, пренесува АС.

Покрај Левандовски, боите би можеле да ги променат и Ромелу Лукаку и Хари Кејн. Белгиецот е несреќен во Челзи и најверојатно ќе сака да си замине, додека Кејн минатото лето беше блиску до преселба во Манчестер Сити. Тоа тогаш не се случи.

Покрај нив секако ги очекуваме и трансферите на Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд кои исто така се поврзуваат со Реал.