ФУДБАЛ

Левандовски постигнува голови, но Мулер е моторот на Баерн

Баерн и оваа сезона доминира во Бундеслигата.

После 26 одиграни кола, Баерн е лидер со 61 поен и гол разлика 78:35.

Од 78 погодоци на Баварците, дури 46 од нив директно го вклучија Томас Мулер.

Левандовски постигна 35 погодоци, запиша шест асистенции. Од друга страна, Мулер има десет погодоци, 14 асистенции, но Мулер започна уште 23 акции кои директно претходеа на головите на Баерн.

Според точната статистика на Бундеслигата, Баварците постигнаа 64 од 78 голови оваа сезона, благодарение на тандемот Левандовски-Мулер.

ПОВРЗАНО

Бундеслига