ФУДБАЛ

Левандовски прерано го напушти теренот против Лајпциг, дали го пропушта и дуелот со Барселона?

Роберт Левандовски може да пропушти големо дерби на почетокот на Лигата на шампионите.

Баерн во саботата славеше на Лајпциг со 4:1, а Левандовски ја напушти играта во 59. минута. Претходно, во 17. минута го постигна водечкиот гол за Баварците.

Тренерот Јулијан Нагелсман по натпреварот откри зошто го извадил Полјакот од игра.

“Роберт почувствува непријатна напнатост во пределот на препоните. Неговото излегување од теренот во 59. минута беше повеќе претпазливост отколку неопходност. Првично ја планиравме оваа промена подоцна во играта”, објави Јулијан Нагелсман во интервју за Скај.

Полскиот репрезентативец можеби не е доволно подготвен за судирот со Барселона во вторник на почетокот на групната фаза од Лигата на шампионите, иако Баерн се надева дека дотогаш се ќе биде добро.

По четири одиграни кола во Бундеслигата, Баерн има 10 бода и заостанува два зад Волфсбург кој одлично ја започна сезоната.

ПОВРЗАНО

Бундеслига