Полскиот офанзивец Роберт Левандовски секако е еден од најдобрите напаѓачи на 21 век, но досега наградата за најдобар фудбалер на годината – „Златната топка“ постојано му бегаше. Впечатокот на многумина е дека „Лева“ го заслужи тоа признание, но дека некои други играчи беа неправедно фаворизирани, како на пример Лионел Меси во 2021 година.
Левандовски во текот на кариерата не ја криеше желбата да ја освои најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот, а кон оваа цел се стреми во својот нов клуб Барселона.
Напаѓачот веќе постигна 11 гола на 8 натпревари во сите натпреварувања за каталонскиот гигант, а Левандовски верува дека може да биде во игра за освојување на Лигата на шампионите во 2022 година.
Сепак, фаворит и понатаму е офанзивецот на Реал Мадрид, Карим Бензема, кој со извонредни перформанси го предводеше „кралскиот клуб“ до титулата во Ла Лига и Лигата на шампионите во тековната година.
„Се чувствувам како долго време да сум во Барселона. Не очекував фановите толку брзо да почнат да ми пеат. „Барселона е тимот кој произведе најмногу „Златни топки“ во историјата, мислам дека патот до таа награда е пократок кога си во Барса отколку кога си во Баерн“, изјави 34-годишниот Роберт Левандовски. најдобар стрелец во историјата на полската репрезентација.
Левандовски во текот на летото се пресели од Баерн во Барселона за 50 милиони евра.
Robert Lewandowski has been an unreal signing 🔥 pic.twitter.com/Lkwzwn9qTI
— GOAL (@goal) September 18, 2022