Полскиот напаѓач Роберт Левандовски игра во неверојатна форма во дресот на Баерн оваа сезона.
Левандовски има постигнато дури 45 гола на сите натпреварувања досега и покажа дека во моментов е еден од најдобрите напаѓачи во светот со причина.
Полјакот пристигна во Баерн летото 2014 година од Борусија Дортмунд како слободен агент и се покажа како одлично засилување. Тој со Баварците има договор уште три години и по една ваква сезона, тешко е да му се дозволи да го напушти клубот.
Германските медиуми денеска објавија дека Левандовски, кога му истекол договорот со Дортмунд, е решена да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид, а не во Баерн.
Неговиот поранешен агент Сезари Кучарски откри дека тие во летото преговарале со Реал и Баерн и дека Левандовски сакал повеќе да замине во кралскиот клуб.
„Во еден момент од преговорите тој не сакаше да потпише договор со Баерн и тој сакаше да замине во Реал само затоа што таму играше Кристијано Роналдо. Јас успеав да го убедам дека треба да биде првиот напаѓач во голем клуб и дека покрај Карим Бензема не би бил во Реал. Тој замина во Баерн и не се кае за тоа бидејќи со години е главен играч“, рече Кучарски.