ФУДБАЛ

Левандовски се откажа од огромни милиони: „Дали навиваш за Русија? Не сакам да имам ништо со тебе“

Оваа вест првично беше претставена како лажна, но се чини дека полскиот репрезентативец навистина ги прекина сите форми на соработка со Huawei, втората по големина мобилна компанија во светот.

Кинеската компанија наводно ја поддржува Русија, поради што Роберт Левандовски решил да го раскине договорот иако тоа би значело загуба од неколку милиони евра годишно.

Британскиот Daily Mail објави дека кинескиот концерн ја поддржува Русија во стабилизирање на мрежата по сајбер нападите кои се резултат на инвазијата на Владимир Путин на Украина. Руските веб-страници, меѓу другото, беа нападнати од хакери кои припаѓаат на групата Анонимус.

Huawei веќе објави соопштение во кое остро ги негира извештаите на Daily Mail. „Huawei информира дека објавувањето на Daily Mail за компанијата е лажна вест. Информациите што ги содржи се лажни“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Robert Lewandowski (@_rl9)

Но, дали се навистина лажни? На почетокот на годинава беше потпишан нов договор меѓу кинескиот бренд и Левандовски, кој требаше да биде на сила три години, а според информациите на полскиот портал Sportwefakty.pl, на Левандовски му гарантирале пет милиони евра годишно.

Агентот на играчот Томаш Завишлак за споменатите медиуми објави дека спроведувањето на сите промотивни услуги кон Huawei е прекинато, а Кинезите наводно веќе се информирани за одлуката на Лева, додека целиот случај го процесуираат неговите адвокати.

Полска е една од земјите кои најмногу и помагаат на Украина по руската инвазија, а Левандовски го осуди потегот на Владимир Путин на почетокот на војната и јасно стави до знаење дека Русите не треба да играат во квалификациите за Светското првенство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Robert Lewandowski (@_rl9)

Полјаците први одбија да играат со Русите, бидејќи требаше да се сретнат на 24 март во Москва во полуфиналето од плеј-офот за Светското првенство во Катар. ФИФА и УЕФА потоа ги суспендираа сите руски репрезентации и селекции, но во меѓувреме се се промени, па според последните медиумски информации, ФИФА сепак планира да се одигра дуелот меѓу Полска и Русија, но во јуни, убедени дека со тогаш работите ќе се сменат.