ФУДБАЛ

Левандовски си заминува, но нема проблем: „Ѕверот“ може да направи Полјакот брзо да биде заборавен во Минхен

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски (33) се повеќе се оддалечува од Баерн и како што стојат работите во моментов би можел да ја продолжи кариерата во Барселона.

Очигледно на 33-годишниот Полјак му здосадило животот во Минхен. По осум години сака да проба нешто ново и нема да биде изненадување доколку од следната сезона не го видиме во дресот на баварскиот гигант.

Баерн веќе ги разгледува потенцијалните опции за напад за следната сезона, а новото име што се појави е Белгиецот Ромелу Лукаку.

Одличниот напаѓач не е во прв план кај Томас Тухел во Челзи. Неговото незадоволство од ова е евидентно и по само една сезона би можел да го напушти Стемфорд Бриџ.

Баерн би сакал да го види Лукаку во своите редови како замена за Левандовски. Сепак, неговото доаѓање е доста комплицирано бидејќи би чинело премногу пари.

Не е позната цифрата која лондонскиот тим би ја побарал за Лукаку, но со оглед дека минатото лето го платија 110 милиони евра, цифрата секако би била огромна.

Исто така, Лукаку има годишна нето плата од 12 милиони евра. Сето ова го отежнува неговиот евентуален потпис, но Баерн е познат како клуб кој работи фантастична работа со финансиите и веројатно ќе се најде решение за да се заврши работата.

Сепак, пред се, потребно е да се стави крај на сагата околу Левандовски. Тој е обврзан со договор со германскиот шампион на уште една година, а разговара и за можно продолжување на соработката.

Се погласни се шпекулациите дека Лева сака да замине и ќе видиме дали тоа навистина ќе се случи. Лукаку секако би бил адекватна замена бидејќи тој е навистина неверојатен напаѓач.

Треба да се напомене дека покрај Лукаку, со Баерн се поврзуваат уште неколку одлични напаѓачи, меѓу кои Дарвин Нуњез и Патрик Шик.