Роберт Левандовски пред неколку дена се приклучи на подготовките на Баерн за новата сезона.
Полскиот напаѓач не ја крие желбата да го напушти Баерн и кариерата да ја продолжи во Барселона, но проблем му создава фактот што баварскиот клуб не сака да го пушти така лесно.
Левандовски покажа дека е голем професионалец бидејќи се појави на тренингот на клубот од Минхен, иако е јасно дека не се предомислил и дека неговата цел е сепак да го напушти Баерн.
Колку е добар од овој клуб покажа вчера кога задоцни на тренинг, а потоа изгледаше тотално незаинтересирано на теренот. Тој не комуницираше со соиграчите, па последен вежбаше и прв го напушти тренинг центарот.
Германскиот Билд објави дека сето тоа продолжило и утринава. Левандовски повторно доцнеше околу 20 минути на тренингот на германскиот клуб, а последен дојде на собирот на групата пред почетокот на тренинзите.
На овој начин Полјакот јасно го покажува незадоволството што Баерн не сака да го продаде, а целта му е да го забрза заминувањето во Барселона.
Наводно, Баерн и Барсеона се многу блиску до договор кој треба да биде финализиран на крајот на неделата. Левандовски во понеделник треба да отпатува за Барселона, а каталонскиот клуб за него ќе плати околу 50 милиони евра.