ФУДБАЛ

Левандовски веќе одби две понуди, дали е на повидок нов клуб?

Сагата за иднината на Роберт Левандовски не завршува.

Кристијан Фалк, новинар на германски Билд, на подкастот на Баерн инсајдер презентираше исклучително интересни информации. Според него, Левандовски ги одбил понудите на ПСЖ и Манчестер Јунајтед.

Сега Левандовски треба да се сврти кон Барселона и да ја разгледа нивната понуда.

Агентот на Левандовски, Пини Захави, се чини дека подготвува терен за спектакуларен трансфер, а Полјакот на самракот на кариерата ќе се испроба во друга лига, откако буквално ја покори германската Бундес лига.

Во исто време, тешко е да се разбере Баерн, кој се уште не започнал преговори за договор со полскиот напаѓач (барем двете страни неодамна признаа дека не се преговарале).

Други експерти додаваат дека Баерн го третира Левандовски без должна почит и постојано се обидува да ја испита можноста за трансфери, на пример, Ерлинг Халанд зад грбот на Полјакот. Но, сите се изненадени од бавноста во разговорите со Левандовски, кој и покрај тоа што има 34 години, сепак гарантира огромен број голови и игра практично без повреди.

А за Халанд, кој веќе пропушти повеќе натпревари од Полјаkot во кариерата, не може да се каже.

Кристијан Фалк вели дека доколку пропаднат преговорите на Левандовски со Баерн, тогаш Полјакот би започнал преговори со Барселона. Фалк најавува и дека основата на спорот со Баерн најверојатно ќе биде должината на договорот.

Можно е Баерн да сака да го продолжи договорот со Роберт Левандовски на една година, додека Полјакот и Пини Захави сметаат на двегодишен договор.

ПСЖ и Манчестер Јунајтед се исто така заинтересирани за доведување на Левандовски, но Левандовски ќе има други приоритети доколку Полјакот го напушти Баерн. Според Фалк, Левандовски верува дека нивоата во Лига 1 се дефинитивно пониски од оние во Бундес лигата или Ла Лига. Тој може да замине во ПСЖ само доколку пропаднат преговорите со Баерн и Барселона.

Ист е случајот и со Манчестер Јунајтед. Лигата во Англија е на добро ниво, но не се знае дали клубот следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.

Исто така, Фалк истакна дека Челзи и Манчестер Сити не ни размислуваат за купување на Полјаkot.

ПОВРЗАНО

Ла Лига