ФУДБАЛ

Левандовски за рекордот: Се прашував зошто не ми оди денес, но знаев дека ќе дојде шансата (ВИДЕО)

Роберт Левандовски денес го сруши рекордот на Герд Мулер по бројот на голови во една сезона во Бундеслигата.

Во последното коло од шампионатот, Полјакот постигна гол во 90-та минута од натпреварот за конечни 5:2, и бидејќи ова е негов 41. гол во Бундеслигата, тој успеа да го сруши рекордот на славниот германски напаѓач.

Лева имаше многу шанси на овој натпревар. Сепак, не му одеше како што треба и се чинеше дека тој и Мулер ќе останат врзани на врвот.

И тогаш во 90-та минута Левандовски ја искористи последната шанса на играта. Одбиената топка ја смести во мрежата и стана рекордер.

Одличниот напаѓач по натпреварот беше многу среќен што успеа да собори голем рекорд кој траеше 49 години.

“Немам зборови. Се обидов да постигнам гол 90 минути, направив апсолутно сè и успеав во 90. минута. Пресреќен сум”, изјави Левандовски по записот и додаде:

“Не бев лут за време на играта, но бев разочаран. Се прашував зошто денес не ми оди добро. Но, благодарение на мојот тим, дојде рекорд, што е и нивен”.

Тој дојде до голот буквално во последните секунди од мечот.

“Го видов Лерој како шутираше и само се поставив на вистински начин. Секако, сакав да постигнам порано, но знаев дека шансата ќе дојде. Им благодарам на соиграчите за сè”, рече Левандовски.

Левандовски одигра вкупно 329 натпревари за Баерн и постигна неверојатни 294 голови.

ПОВРЗАНО

Бундеслига