Фудбалерите на Реал Мадрид очигледно се во резултатска криза.
Нашиот репрезентативец иако не постигна гол сепак Леванте успеа да го совлада Реал.
Иако статистички гледано Реал имаше повеќе шутеви и поголем посед на топка, сепак Леванте во првото полувреме постигна два гола, кој беа повеќе од доволно за да се совлада европскиот шампион.
Во 6. минута Серхио Постиго му асистираше на Хозе Моралес кој постигна гол и го отвори резултатот на натпреварот (0:1). Само неколку минути подоцна, во 13. минута беше досуден пенал со ВАР-технологија, а Марти Салвадор постигна гол за убедливи 0:2 во првото полувреме.
Второто полувреме започна со одлична предност за Леванте, фудбалерите на Реал со сите сили напаѓаа и конечно во 72. минута, Маресело по асистенција на Бејл постигна гол и го намали водството на Леватне на 1:2. Но сепак Реал запиша уште еден пораза и сега се наоѓа на 5. место во Ла Лигата.