Екипата во која настапува македонскиот репрезентативец Енис Барди, Леванте забележа победа синоќа на првиот осминафинален дуел од „кралскиот куп“ на Шпанија.
Леванте славеше триумф на теренот на Еспњаол со 2:1. Нашиот репрезентативец Барди одигра 58. минути, а во 53. доби жолт картон.
Лидерот на табелата во Ла Лига, Барселона во комбиниран состав без првите ѕвезди одигра нерешено 1:1 на гостувањето кај Селта. За разлика од „каталонците“ Реал Мадрид со сигурни 3:0 славеше на гостувањето кај Нумансија.
Реванш дуелите ќе се играат на 9, 10 и 11.јануари.