Англискиот премиерлигаш Лидс има намера да го купи Џирано Керк од Утрехт.
Лидс наводно е близу до донесување крилен напаѓач од Холандија, објавија британските медиуми.
Новиот – стар член на Премиерлигата добро ја започна сезоната, без оглед на поразот од Ливерпул од „Енфилд“, но тој веќе го „среди“ Фулам во второто коло и можеме да очекуваме сè од Лидс.
Марсело Биелса е свесен дека се потребни и засилувања, па тој побара од управата да му го донесе 24-годишниот напаѓач кој минатата сезона постигна 11 голови со 12 асистенции и кој го следат и клубовите од Серија А, Верона и Каљари.
Утрехт сака околу 10 милиони фунти за играчот и се верува дека Лидс е подготвен да ја плати таа отштета за фудбалер кој е во договор со Утрехт до 2023 година и кој се смета за најбрз играч во Ередивизие и го носи прекарот „Усаин Болт“.