Повратникот во Премиер лигата Лидс Јунајтед го комплетира трансферот на шпанскиот репрезентативец Родриго Морено Машадо. На „Еланд Роуд“ по пауза од 16 години ќе се игра елитен фудбал, а награда за добрата работа на Марсело Биелса е најскапото засилување во историјата на клубот. Откако рекордот го држеше Рио Фердинанд уште од 2000 година, кога за 26 милиони евра пристигна од Вест Хем, сега истиот беше урнат.
29-годишниот фудбалер беше во минатот на мета и на Барселона, а денеска официјално претставен како нов играч на Лидс со нов клупски трансфер рекорд од 30 милиони евра. Иако од Лидс се уште официјално не ја објавиле сумата.