ФУДБАЛ

„Лидс Јунајтед е поголем клуб од Манчестер Сити“

Поранешниот холандски фудбалер Џими Флојд Хаселбаинк тврди дека Лидс Јунајтед е поголем тим од Манчестер Сити.

Тимот од „Еланд Роуд“ се врати во Премиер лигата по 16 години. Насекаде се слави во овој град , а Хаселбаинк, кој го носеше дресот на Лидс од 1997 до 1999 година, е пресреќен поради тоа.

Нема никаква дилема за легендарниот напаѓач. Најдобро е што Лидс се врати.

„Лидс е единствената голема екипа во Јоркшир. Луѓето треба да бидат горди на клубот. Погледнете во Лондон. Тие имаат безброј клубови. Манчестер ги има Јунајтед и Сити. Ливерпул ги има Ливерпул и Евертон. Лидс го има само Лидс и кој е роден таму е навивач до смр“, тој рече.

https://www.instagram.com/tv/B_mx_D-H1mE/?utm_source=ig_embed

И потоа додаде:

„Лидс Јунајтед е поголем клуб од Манчестер Сити. Како клуб тие имаат поголем потенцијал од нив. Атмосферата е уникатна, нема стадион кој прави повеќе врева од „Еланд Роуд“. Навивачите се луди за Лидс“, рече Хаселбаинк.

Лидс има три шампионски титули во историјата, од кои последната дојде во 1992 година.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига