Лидс Јунајтед беше поразен од Тотенхем со 4-0 на „Еланд Роуд“ во 27. коло од англиската Премиер лига.
По дебаклот од Ливерпул, избраниците на Марсел Биелзе денеска повторно разочараа и Лидс ќе има тешка борба за опстанок во лигата.
Гостите од Лондон поведоа во 10. минута. Одлична акција заврши Мет Доерти за предност од 1-0.
Пет минути подоцна беше 2-0. Овојпат асистираше Доерти, а погоди Дејан Кулушевски.
Точка на овој натпревар беше поставен во 27. минута. Хојберг го наоѓа Хари Кејн со феноменална асистенција, а тој постигнува гол за 3:0.
Разликата во корист на Тотенхем можеше да биде уште поголема во тие моменти. За среќа на Лидс, Спарс пропуштија многу можности, но во 86. минута дојде четвртиот гол. Сон погоди на асистенција на Кејн за 4:0.
Со оваа победа Тотенхем остана во трка за Лигата на шампионите, а Лидс го чека тешка борба за опстанок и не им оди ако продолжи вака.